ММ Ревизија нуди широк спектар на услуги од областа на ревизорското и финансиското работење, сметководството и консалтингот. Со долгогодишното искуство, разновидноста на услугите кои ги нудиме и професионалноста на нашите вработени обезбедуваме постојана соработка со организации кои се лидери во своите области.
1. Ревизија во согласност со IFRS и стандардите објавени во Република Македонија
- Екстерна ревизија на банки, Штедилници;
- Екстерна ревизија на финансиските извештаи на АД, големи субјекти, средни субјекти и субјекти кои котираат на берза;
- Ревизија при спојување и присоединување на субјекти;
- Ревизија при претварање на ЈТД во ДООЕЛ или ДОО;
- Ревизија на остварување на деловни планови;
- Ревизија за посебни намени.
2. Согласно Законот за процена (Службен Весник 115/2010, 158/2011, 185/2011, 64/2012) Друштвото за ревизија и проценка ММ РЕВИЗИЈА се стекна со лиценци за вршење на работи на процена од областа на:
- Трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица евидентирана во Министерство за економија под број ТД-14 на ден 30.11.2012 година.
- Недвижен имот евидентирана во Министерство за транспорт и врски под број 0078-Н на ден 22.02.2013 година.
- Подвижен имотевидентирана во Министерство за економија под број ПИ-12 на ден 30.11.2012 година.
- Побарувања и обврски евидентирана во Министерство за финансии под број 12-40647/2 на ден 28.12.2012 година .
3. Согласно одредбите на ЗТД ги вршиме следните консалтинг услуги
- Основање на ДООЕЛ, ДОО, ТП;
- Промена на управител;
- Истапување и пристапување на содружник;
- Пренос на удели;
- Зголемување и намалување на основна главнина;
- Претварање на трговско друштво од една во друга форма.
4. Согласно одредбите на законот за стечај и ликвидација вршиме бришење на трговски друштва со:
- Стечај
- Ликвидација.
5. Изработка на бизнис планови
- Бизнис план при аплицирање за кредит од деловните банки;
- Бизнис план согласно Методологијата на МБПР, АППРМ и УНДП.
6. Сметководство
- Финансово и материјално сметководство;
- Пресметка на интегрирана бруто плата;
- Изработка на Приемен Лист во трговијата;
- Пресметка на ДДВ и составување на образец ДДВ-04;
- Пријава и одјава на работници во АВРМ; ПИОМ и ФЗО;
- Подготовка на сите потребни информации до УЈП;
- Комплетна изработка на завршна сметка;
- Изработка на барања за поврат на надоместокот за патен фонд од Агенцијата за патишта на РМ;
- Извештаи до Народна банка на РМ ;
7. Судски вештачења
- при што предмет на вештачење се различни области.