За нас

ММ Ревизија е ревизорска канцеларија регистрирана на 10.05.2007 година согласно законот за ревизија на Република Македонија. Во месец септември 2007 година добива Решение за дозвола за работа за вршење на работи од областа на ревизијата од страна на Министерството за финансии на РМ, број 11-20162/6 од 03.09.2007 година. Уште од самиот старт компанијата ги носи епитетите чесност, сигурност, навременост и доверливост, а доказ за квалитетот на нашата работа е постојаниот пораст на успехот на нашите клиенти.

Политиката на нашата куќа е одржување на високо ниво на интегритет, професионалност и квалитни услуги со константно следење на правната и економската легислатива во РМ. Основна дејност на компанијата е ревизија, консалтинг и даночни услуги, изработка на бизнис планови, сметководство, проценка. Редовно ги следиме случувањата во полето на економијата и правото и на тој начин Ви овозможуваме навремено информирање за сите промени и новини во постоечката законска регулатива на Република Македонија.

Комплетниот стручен тим во нашата компанија секогаш е овде за да Ви понуди ефикасни услуги за сите ревизорски, сметководствени, даночни, менаџерски, правни, административни и финансиски активности. Овој тим е предводен од основачот на компанијата – Стојна Здравева. Со долгогодишното искуство во оваа област консантно ги поттикнува вработените во нивниот професионализам како и во остварување на партнерски однос со клиентите.

Доказ за професионалноста во работењето се многубројните сертификати, учества на семинари и членства во здруженија.

СЕРТИФИКАТИ:

  • Уверение за овластен ревизор број 11-14081/1 од 11.07.2005 година;
  • Овластување за советник за претприемништво - генералист во програмата за ваучерско советување на малото стопанство во Република Македонија издадено од АППРМ од Декември 2005 година;
  • Решение од Основен суд Штип за постојан судски проценител од областа на економско-финансиско - работење од 2003 година;
  • ешение од основен суд Штип за постојан судски вештак од областа на економско-финаниското работење од 2003 година;
  • Универзитет Св.Кирил и Методиј Скопје, Економски факултет Штип, 1983-1988 година.

УЧЕСТВО НА СЕМИНАРИ:

  • Семинар за овластени ревизори на РМ во организација на Министерство за финасии и USAID, Мај 2003 година;
  • Курс за овластени стечајни управници организиран од Министерството за Економија и УСАИД на 14 и 15 Април 2007 година;
  • Семинар за националнен ваучерски систем на советување, Јануари-Јуни 2007 година во органицазија на Агенцијата за подршка на претприемништвото на РМ (АППРМ) и SME Development Project;
  • Континуирано професионално усовршување, во согласност со ИСОС и ИОРРМ;

РАБОТНО ИСКУСТВО:

  • од 1990 до 2001 година Радовишка Трговија Радовиш како шеф на книговодство, план и анализа.
  • од 2002 до 2007 година во Друштвото за сметководствен и финансиски менаџмент Еуро Ин доо Радовиш - сопственик и менаџер;
  • од 2007 - ММ Ревизија ТП од Радовиш, сопственик, овластен ревизор;

ЧЛЕНСТВО ВО ЗДРУЖЕНИЈА:

  • Институт на овластени ревизори на РМ;
  • Комора на сметководствени работници и финансиери на РМ;
  • Институт на сметководители и овластени сметководители на РМ;
  • Комора на вештаци на РМ;

Ние целиме кон тоа нашите потенцијални партнери да добијат соодветна помош како би го унапредиле своето работење со што би се издвоиле пред својата конкуренција. Станете дел од листата на наши клиенти која секојдневно се зголемува и дознајте што е она што не прави различни од другите компании за консалтинг услуги.